
Клиниката за токсикологија како посебена здравствена организација е формирана 1975 година со поделбата на дотогашната Интерна клиника. Во почетокот на своето функционирање има само 4 болнички кревети, за денес да прерасне во модерна здравствена институција, која е единствена во Македонија во областа на Клиничка токсикологија. Клиниката овозможува 24-часовна здравствена заштита, на сите затруени пациенти во Република Македонија, а воедно работи и како Интернистички ургентен центар, во кој се третираат и згрижуваат најтешките итни интернистички пациенти од градот Скопје и Републиката. Здравствената заштита ја извршуваат 15 лекари специјалисти. На Клиниката работат два Професора по предметот Интерна медицина, еден Научен соработник и двајца Асистенти, кои се задолжени за наставната дејност во рамките на Медицинскиот факултет. Во моментов Клиниката има 5 доктори на медицински науки, 3 докторанти, три магистри по медицински науки и три магистранти, потенцијал со кој се развива научната мисла во областа на клинчката токсикологија. во склопот на клиниката постојат повеќе одделенија како:
- Одделение за интензивна нега и реанимација
- Дневна болница
- Амбулатно поликлинички дел
- Интернистичко одделение
- токсиколошко одделение
Покрај високостручниот професионален лекарски кадар, на Клиниката работат 30 сестри, кои секојдневно пружаат нега и помош на заболените. Во состав на Клиниката се наоѓаат:
- Кабинетот за горна ендоскопија
- Кабинетот за ултрасонографија на стомакот и уринарните патишта
- Лабораторијата за токсиколошки анализи
- Токсиколошкиот информативен центар
Со сите овие субспецијалистички дејности се заокружува комплетниот спектар неопходен за современ третман на акутно затруените пациенти.
|